Домашен лековит рецепт за сок од бозел

Домашен лековит рецепт за сок од бозел

пред 3 години

Бозелот е пролетно растение чиј цвет се користи за сок. Цветот од бозел се бере на сончево време и само оние цветови кои се целосно расветани. Внимавајте каде го берете бозелот – загадените места и каналите никако не се добра опција, па затоа обидете се да пронајдете некоја изолирана грмушка од оваа мирисна и лековита билка.

dobivaj vesti na viber

Рецептот за сируп од бозел е мерка за отприлика 4 литри сируп. Тоа значи дека на 10 цветови се користат еден литар вода, еден килограм шеќер и еден лимон, односно на 100 цветови потребни се 10 литри вода, 10 килограми шеќер и 10 лимони. Потребен ви е поголем сад и повеќе стаклени шишиња со затворачи.

Потребни состојки: 30 цветови бозел, 3 литри вода, 400 гр. лимонска киселина, 3 лимони, 3 килограми шеќер.
Подготовка: Потопете ги цветовите од бозел во вода, а потоа додадете ја лимонската киселина и лимонот, исецкан на кришки. Добро промешајте и оставете да одстои 24 часа на студено и темно место. Наредниот ден, процедете ја течноста, а потоа додадете го шеќерот и добро промешајте. Оставете да одстои уште 24 часа, со повремено мешање. По 48 часа, сирупот е спремен за складирање во стаклените шишиња. На овој начин можете да го чувате сирупот од бозел и до година дена, добро затворен на студено и темно место.

Share
Scroll to Top