Домашна крема против брчки - Reporter.mk

Домашна крема против брчки – Reporter.mk

пред 3 години

За да го одложите стареењето на кожата, направете домашна крема против брчки на база на кокосово масло. Кокосовото масло содржи антиоксиданси кои го забавуваат појавувањето на брчките.

За кремата против брчки ви се потребни:

1/2 чаша кокосово масло,
1/2 лажичка масло од витамин Е,
1/2 лажичка масло од маточина.

Начин на подготовка:

Во сад ставете го кокосовото масло и изматете за да добиете пенест изглед, а потоа додадете ги маслата и измешајте. Чувајте ја кремата во стаклен сад, на суво и ладно место. Вака подготвената крема може да трае околу еден месец. Кремата нанесете ја на кожата пред спиење за да ги ублажите постоечките брчки или да ја одложите појавата на нови.

Share
Scroll to Top