dobivaj vesti na viber

Домашни изведувачи ќе настапат на пречекот на Новата година во Скопје

пред 12 месеци

Режисерот Антоан Фукуа ќе снима биографски филм „Мајкл“ за светски познатиот поп-пејач Мајкл Џексон (1958-2009), пишува филмскиот магазин „Hollywood Reporter“.

– Според мене, не постои уметник со сила, харизма и чист музички гениј како Џексон. Гледањето на неговата работа влијаеше на мене да правам видеа. Неговата музика и тие слики се дел од мојот поглед на животот, а можноста да ја раскажам неговата приказна на екранот, со неговата музика е неодолива – изјави Фукуа.

Режисерот на „Training Days“ (2001) и „The Righteous“ (2016) се присети дека неговите први дела биле видеа и дека сè уште чувствува дека спојот на филмот и музиката е длабок дел од тоа што е тој.

„Мајкл“ ќе биде продуциран од Лајонсгејт, по сценарио на Џон Логан, познат по „Гладијатор“ и „Авијатичарот“, а во продукција на Греам Кинг, кој работеше на филмот за пејачот Фреди Меркјури „Боемска рапсодија“.

Не е прецизирано кој би можел да го игра Џексон, кој меѓудругото е познат и по тоа што ја избели кожата. Растејќи во музичко афроамериканско семејство, Џексон се стекна со слава како момче во хаус бендот „Џексон фајв“, а потоа се впушти во една од најуспешните независни пејачки кариери во светот.

Тој го сними најпродаваниот албум на сите времиња „Thriller“ (1982), кој досега е продаден во над 70 милиони копии, благодарение на седум синглови, вклучувајќи ги „Billy Jean“ и „Beat It“.

Џексон продолжи да постигнува светски успеси со хитовите „Bad“, „I Just Can’t Stop Loving You“, „Black or White“ или „Remember the Time“, но неговата кариера до некаде попушти по неколкуте обвинувања за сексуално вознемирување на деца, иако подоцна судот го ослободи. Тој ненадејно почина од срцев удар додека се подготвуваше за турнеја за враќање, во 2009 година.

Share
Scroll to Top