Потребни состојки:
1 пакетче ванила
3 белки од јајце
250гр ореви
250гр шеќер
Начин на подготовка:
Оревите ги мелеме ситно со 50гр од шеќерот. Ги матиме белкита како снег и ги мешаме со смелените ореви и останатиот шеќер. Мешаме да добиеме хомогена смеса. Ја додаваме ванилата. Оформуваме колачи во вид на потковица врз хартија за печење, па печеме во претходно загреана рерна на 180 степени околу 10-11 минути.