Дома е таму каде што е театарот: скопјани го одбележаа роденденот на Горан Стфановски на неговата клупа во Дебар Маало

Дома е таму каде што е театарот: скопјани го одбележаа роденденот на Горан Стфановски на неговата клупа во Дебар Маало

пред 2 години

Со музичко-драмски перформанск во режија на Јордан Симонов, кој вклучува извадоци од претствата „Лонг плеј“ , денеска на скверот „Јас и ти“ во Дебар Маало се славеше раѓањето на македонскиот драмски писател Горан Стефановски.

На клупата каде е поставена бистата на Стефановски, друштво му правеше актерот Александар Миќиќ кој споделуваше извадоци од претставата. На крај Миќиќ му се обрати Стефановски со „Чао Горан ќе се вратам да си ги читаме писмата“.

На перформансот настапија музичарите Мирко Попов, Дина Јашари, Марија Каева и Владан Дробицки.

Присутен во први редови беше Влатко Стефановски, кој изминатите години поради работни ангажмани не присуствувал на „Прославата на роденденот на Горан Стефановски“. голем број почитувачи на ликот и делото на Горан Стефановски на убавото сончево време уживаа во интимната дружба во чест на макеоднскиот драматург.

Габриела Додевска

 




Share
Scroll to Top