Доналд Трамп повторно хит на интернетот: „Ќе се обидам да дојдам на свадбата на син ми, го познавам долго

Доналд Трамп повторно хит на интернетот: „Ќе се обидам да дојдам на свадбата на син ми, го познавам долго

пред 3 часа

Доналд Трамп повторно предизвика лавина реакции на социјалните мрежи поради необична изјава дадена во Овалната соба, овојпат поврзана со свадбата на неговиот најстар син Доналд Трамп Помладиот.

Американскиот претседател зборуваше за свадбата на својот син со Бетина Андерсон, која е закажана за следниот викенд на Бахамите, при што изјави дека не е сигурен дали ќе успее да присуствува поради бројните обврски.

„Би сакал да одам, но тоа ќе биде мала приватна церемонија и ќе се обидам да дојдам. Ова е лош период за мене. Имам нешто што се вика Иран и други работи“, изјави Трамп.

Тој додаде дека „лажните медиуми“ ќе го критикуваат без разлика каква одлука ќе донесе околу присуството на свадбата.

Сепак, најголемо внимание привлече неговата следна изјава за сопствениот син.

„Тој е личност што ја познавам долго време“, рече Трамп за Доналд Трамп Помладиот, што веднаш стана предмет на потсмев и бројни коментари на социјалните мрежи.

Многу корисници ја оценија изјавата како бизарна и типична за настапите на Трамп, а дел од нив саркастично коментираа дека американскиот претседател зборувал за својот син „како да е стар познаник“.

Доналд Трамп Помладиот викендов ќе стапи во брак со Бетина Андерсон на приватна церемонија на Бахамите. Тој претходно беше во брак со Ванеса Трамп, со која има пет деца.

Share
Scroll to Top