Дрога, проститутки, секс: објавени се приватни фотографии од синот на Џо Бајден со експлицитна содржина

Дрога, проститутки, секс: објавени се приватни фотографии од синот на Џо Бајден со експлицитна содржина

пред 2 години

Десничарската непрофитна организација Марко Поло на интернет објави речиси 9.000 фотографии од лаптопот на Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо Бајден. На страницата bidenlaptopmedia.com објавени се 8864 слики, а меѓу нив може да се види како синот на претседателот на САД конзумира дрога и има секс со проститутки, а има и семејни фотографии и снимки од неговото секојдневие.

Што се однесува до фотографиите, 7.032 биле од апликацијата MacBook Pro iPhoto на Бајден, 1.832 биле од резервна копија од неговиот iPhone XS, 428 биле „фотографии во живо“, 674 биле текстуални пораки, 579 биле слики од екранот, а 40 биле испратени преку WhatsApp и 111 преку други апликации.

Сите фотографии датираат од 2008 до 2019 година, а некои имаат прикачени географски координати. Така, може да се види дека Хантер е снимен на Хаваи, Кабо Сан Лукас, Косово, Доминиканската Република, Западна Кина, Лондон, Париз, Рим, Белград и насекаде низ САД.

Сите фотографии кои Дејли Мејл ги објави ексклузивно, се автентични и одговараат на копии од лаптопот на Бајден кои претходно ги доби Дејли мејл, тоа го потврдија и експерти за сајбер форензика.

Марко Поло на овие шокантни фотографии ја преработи експлицитната голотија, како и броеви на сметки од изводи од банка и броеви на кредитни картички, осигурување и други чувствителни информации.

Сепак, и покрај ова, објавувањето на фотографиите може да биде шок за Бајденови, со оглед на тоа што се вклучени и фотографии од малолетни членови на семејството и одредени интимни моменти.

Инаку, Марко Поло е основан од поранешниот вработен во Белата куќа на Трамп, Гарет Зиглер (28), а тие се опишуваат себеси како „непрофитна истражувачка група која разоткрива корупција и уцени“.

„Ако Американците сакаат да знаат како е нивното прво семејство, ќе го добијат. И ние нема да објавуваме само фотографии кои ги прикажуваат Бајденови во добро светло“, рекол Зиглер, додавајќи дека им биле потребни околу два месеци да уредат гениталии на сите фотографии.

Зиглер, исто така, рекол дека колекцијата што неговата организација ја објавила минатата недела содржи 98% фотографии од уредот.

Поранешниот персонал на Трамп, исто така, објави извештај од 645 страници за истрагата на Марко Поло за содржината на лаптопот на Хантер. Бајден Јуниор е обвинет за 459 кривични дела, меѓу кои кривично дело проституција, дистрибуција и поседување дрога, измама на владини агенции, нелегално странско лобирање и перење пари. Тој, исто така, користел е-пошта и други документи од лаптопот за да тврди дека претседателот Џо Бајден бил соучесник во даночно затајување, го прекршил Законот за претседателска евиденција и користел нејавни информации за финансиска добивка во шест инциденти помеѓу јуни 2010 и декември 2016 година.

Зиглер, исто така, објави повеќе од 120.000 пораки од лаптопот на неговата веб-страница, BidenLaptopEmails.com, како и страници од дневникот на сестрата на Хантер, Ешли Бајден.

 

Share
Scroll to Top