Д фестивал во Дојран: Џајковски, Дубиоза Колектив, Фолтин се само дел од учесниците во два дена журки

Д фестивал во Дојран: Џајковски, Дубиоза Колектив, Фолтин се само дел од учесниците во два дена журки

пред 5 години

После едногодишна пауза поради пандемијата, отворениот музички Д-фестивал повторно ќе се одржи во Дојран.

Фестивалот ќе трае два дена, односно на 13. и 14. август, каде ќе уживаат бројни домашни и регионални музички ѕвезди. Меѓу нив се Кирил Џајковски, Дубиоза Колектив, Фолтин, Гордон Сити, Смут, Страјк, Смоке Мардељано, 21 век, Репетитор и други.

Д-фестивал е основан во 2011 година, израснат, како што велат основачите, со идејата за уникатен open-air настан, кој ќе и понуди на публиката алтернатива за задоволување на потребата за летен фестивал на автентичното и прекрасно Дојранско крајбрежје.

Меѓу музичките ѕвезди кои учествувале на овој фестивал низ годините се: Ману Чао, Пол ван Дајк, Роџер Санчез, Пуси Риот, Архангел, Хладно пиво, Дуке Бојаџиев, С.А.Р.С, Суперхикс, Влатко Стефановски, Ареа, Електрични оргазам и многу други.

Share
Scroll to Top