Ева Лонгорија елегантна во фустан од македонскиот дизјанер Тони Матичевски

Ева Лонгорија елегантна во фустан од македонскиот дизјанер Тони Матичевски

пред 1 година

Холивудската актерка Ева Лонгорија повторно го одбра македонскиот моден дизајнер Тони Матичевски да ја облече за јавен настан. Ова не е прва соработка на Матичевски со Лонгорија. Актерката досега неколкупати се има појавено на најразлични свечености во дизјанерските парчиња на Матичевски.

Лонгорија овој пат одбрала жолт фустан со асиметричен корсет и миди должина на фустан со пократок отвор однапред и подолг одназад.

Ева објави неколку фотографии на Инстаграм каде заедно позира со свршеницата на Џеф Безос, Лорен Санчез.

„Чест ми е што бев дел од една ваква убава ноќ и и ја доделив на Лорен Санчез заслужената награда за хуманост за нејзината дарежливост и посветеност да им помогне на семејствата на границите“, напиша Лонгорија.

Македонскиот дизајнер Тони Матичевски има соработувано со неколку светски ѕвезди, Памела Андерсон, Челси Хендлер, Ким Кардашијан и Кристен Стјуарт.

Share
Scroll to Top