Холивудската ѕвезда Ева Лонгорија носеше комбинезон од дизајнерот Тони Матичевски на доделувањето на наградите Variety Creative Impact Awards, кое се одржа во Палм Спрингс. Лонгорија е голема обожавателка на креациите на македонскиот дизајнер, па често се појавува во негови фустани на јавни настани.
Комбинезонот во боја на песок, со набор околу половината, голема крагна и расцепени ракави, е дел од новата ресорт колекција на Матичевски, која ја промовира во моментов.