Европската Унија вложува половина милијарда евра во развој на нова генерација чипови

Европската Унија вложува половина милијарда евра во развој на нова генерација чипови

пред 2 часа

Европската Унија започна нова технолошка иницијатива вредна околу 500 милиони евра, чија цел е да го забрза развојот на европски микрочипови и да ја намали зависноста од производителите надвор од Европа.

На 4 ноември официјално беше претставена Европската платформа за дизајн на чипови (EuroCDP), преку која стартап-компаниите и малите и средните претпријатија ќе добијат пристап до современи технологии, специјализиран софтвер и финансиска поддршка.

Финансиска помош до 16 милиони евра

Според Европската комисија, компаниите што се во почетна фаза на развој ќе можат да добијат грантови до 100.000 евра, додека поразвиените компании ќе имаат можност да користат јавна финансиска поддршка до 16 милиони евра.

Платформата ќе овозможува пристап до алатки за проектирање електронски кола, техничка експертиза и производствени капацитети, со што значително ќе се намалат трошоците за развој на нови полупроводнички технологии.

Вештачката интелигенција ја зголемува потребата од чипови

Побарувачката за микрочипови постојано расте, особено поради забрзаниот развој на вештачката интелигенција, роботиката, телекомуникациите и центрите за обработка на податоци.

Европските институции сметаат дека сопствените капацитети за развој и производство на полупроводници стануваат стратешка потреба за економската и технолошката независност на континентот.

Новата платформа е дел од пошироката европска стратегија за зајакнување на домашната индустрија за чипови и создавање услови европските компании да бидат поконкурентни на светскиот пазар.

Share
Scroll to Top