Едноставни совети за сјајна и здрава коса

Едноставни совети за сјајна и здрава коса

пред 3 години

Често купуваме скапи производи за да ги решиме проблемите со косата, но индиските експерти предлагаат едноставни и ефективни начини без да се потрошат многу пари.

dobivaj vesti na viber

Миењето на косата завршете го со ладна вода
Користење топла вода под туш ги раствора масните липиди кои ги оштетуваат кожата и косата. Ладната вода е многу подобра за вашата коса бидејќи кога ја миете косата со топла вода, ги миете хранливите масла. Топлата вода е добра само за фазата на шампонирање. Ладно миење е добро за да се задржи влагата.

Избегнувајте фенирање на косата по третман
Индијците исто така препорачуваат да не се суши косата со фен после каков било третман, бидејќи тоа го спречува максималниот ефект. Само оставете ја косата природно да се исуши на воздух. Исто така, за подобри резултати, измијте ја косата пред да нанесете маска.

Користете зелен чај за коса
Зелениот чај е моќен напиток за детоксикација на телото, но истото дејство го има и на вашата коса. Истражувачите докажаа дека го стимулира растот. Измешајте го зелениот чај во прав со вода и нанесете на коренот на косата со нежни движења. Оставете го да отстои , а потоа измијте ја косата со ладна вода.

Share
Scroll to Top