Ед Вествик и сопругата Ејми го очекуваат своето прво дете

Ед Вествик и сопругата Ејми го очекуваат своето прво дете

пред 2 месеци






Ед Вествик ќе стане татко.

37-годишниот актер, најпознат по улогата на Чак Бас во хит серијата Gossip Girl, го очекува своето прво дете со сопругата, исто така актерката, 32-годишната Ејми Џексон.

Веста Вествик и Џексон ја објавија преку заедничка објава на Инстаграм. Тие споделија фотографии на кои се гледа дека Ејми веќе има труднички стомак.

Двојката се венча во август во Италија. По венчавката за магазинот People изјавија дека со нетрпение го очекуваат брачниот живот.






Share
Scroll to Top