Електричарот Бранко Зрниќ има идеја како луѓето можат да заштедат месечно на струја. Тој објасни дека термостатот на бојлерот е најдобро да го подесувате да ја затопли водата на онаа температура која е соодветна за вашето тело.
„Суштината е кога се бањате да не ја ладите водата. Треба да ја греете само на температура која телото може да ја истрпи. Кога ќе ја потрошите топлата вода, ставете го термостатот на единица и почекајте да се изгасне лампичката. Ставете ја раката, ако е млака, почекајте да се загрее, ако не, веќе имате вода загреана и до 40 или 45 степени. Тоа ви е доволно за да се избањате и не создава камен“, рече Зрниќ.
Според него, луѓето често знаат да го остават болјерот да работи преку целата ноќ.
„Многу го уклучуваат навечер и го оставаат. Тоа е грешка. Тие ја грејат водата на 82 степени и таа се загрева за еден час, а вие додека чекате до утредента, тоа повеќе не е истата температура. Сте ја загреале за 20 степени Целзиусови непотребно. Суштината е да ја загреете количната на вода која ви е потребна, а потоа веќе за половина час може некој друг да ја затопли. Така се заштедува и до 500 денари месечно. Бојлерот троши најмногу струја во станот, а ќе сватите дека и таа топла вода која сте ја загреале, не ја трошите и плус создавате камен. Вака не морате да го чистите бојлерот барем десетина години“, рече Зрниќ и додаде:
Задолжително исклучете го бојлерот кога одите да се капете. Се работи за сигурноста на греалките и да не бидете изложени на струен удар. Зар не е полесно да ги исклучите откако ќе влезете во бањата?“.