Само затоа што не се гледаат лузните на жртвата, не значи дека насилството не се случило, вели Елизабета Ѓеоргиевска, сопругата на претседателот Стево Пендаровски, во рамките на кампањата 16 дена активизам против насилство врз жените и девојчињата. Таа денес зборуваше на панел дискусија: Што ќе се промени во пристапот за спречување и заштита од насилство врз жените?“
Ѓеоргиевска вели: Справувањето со насилството врз жените и девојчињата е потребно да биде наша секојдневна обврска и одговорност, бидејќи нужно е секој од нас не само да говори, туку и да даде поддршка и да ги охрабри жртвите да го прекинат својот молк и да се спротистават, без страв од осуда и безизлез“.

Секоја втора жена во Македонија се соочила со психолошко насилство од партнерот, секоја трета била жртва на сексуално вознемирување, а 14 отсто од жените се соочиле со физичко или сексуално насилство, покажа последното истражување за насилство врз жени, предводено од ОБСЕ. Последица на пандемијата е и порастот на случаи на домашно насилство, а најголем број од жртвите се жени.
„Не молчи, не трај, стави краја е годинешното мото со кое и Македонија се приклучува на глобалната кампања ‘Обој го светот во портокалово за крај на насилството врз жени и девојчиња, сега’“.
Ќе ви се допадне
Би можело да ве интересира
Џоан Колинс на 90 години во бикини ужива со својот 32 години помлад маж
(Видео) Загребската филхармонија среде проба ја славеше победата на Хрватска
Рецепт за кортадо најпопуларното кафе во Шпанија
Модни правила што не смеете да ги прекршите по 50. година
Маја Оџаклиевска доби национална пензија: Среќна сум оти не работев залудно
150 регионални радија во исто време ќе ја пуштат новата песна на „Парни Ваљак“ како последен поздрав до Аки
