Познатиот рапер Еминем клекна на колено откако го испеа својот хит Lose Yourself на полувремето на „Супербол 2022“ во Инглвуд, Калифорнија, во знак на протест против полициската бруталност и расната нееднаквост во САД, пренесуваат странските медиуми.
Тие пренесуваат дека наводно поради овој потег тој влегол во конфликт со американската НФЛ, бидејќи многумина ги потсети на потегот што го направи поранешниот бек Колин Кеперник додека се интонираше американската химна на НФЛ-натпревар како повик за расна правда пред неколку години. Додека, пак, за Д-ре напишаа дека тој наводно „се чувствувал одвратно цензуриран“, бидејќи НФЛ „имала проблеми со некои негови стихови“.
Сепак, официјалните лица на Лигата негираа дека имале какви било судири со Еминем пред или по неговиот настап. Тие изјавија за Њујорк пост“ дека спортистите на „Суперболот“ клекнуваат од 2016 година без никакви санкции и дека различни правила не важат за музичарите.
За потсетување, Каперник не играл од сезоната 2016 бидејќи ниту еден тим од националната фудбалска лига (НФЛ) не го ангажира откако почна да седи на интонирање на химната.