Познатиот музичар Ерик Клептон, кој беше гласен противник против задолжителната вакцинација, соопшти дека се заразил со коронавиурс. Тој рече дека ќе мора да ги откаже концертите во Милано и Цирих кои му беа закажани за овој викенд и да ги презакаже за на есен.
Од неговиот тим рекоа дека пејачот бил фрустриран што е заразен со корона и што морал да ги откаже концертите.
„За жал Ерик доби позитивен тест по вториот концерт во Лондон. Му беше речено да не патува и да настапува, затоа што тоа ќе го забави неговото опоравување. Ерик не сака да ги зарази другите членови во тимот и фановите. Многу го фрустрира тоа што не ја фати за време на карантинот, туку сега“, рекоа од неговиот тим.
За потсетување, Клептон од почетокот на годината предизвика реакција кај фановите, кога во едно од неговите интервјуа задолжителната вакцинација ја нарече масовна хипноза. Тој рече дека сигналите околу оваа појава ги гледа секаде околу себе, па дури и во сублиминално рекламирање.
Музичарот се противеше на мерките против короната и едно време рече дека нема да настапува на место на кое ќе се бара посетителите задолжително да бидат вакцинирани. Сепак подоцна тој пак настапи. Од неговиот тим рекоа и дека тој е вакциниран против ковидот и затоа имал поблага клиничка слика.
Ќе ви се допадне
Би можело да ве интересира
Ана де Армас за снимањето во новиот филм со Кијану Ривс: Целото тело ми е со модринки од него
Рафаел Надал ќе стане татко
Александар Белов стана татко: Среде настап дознав дека ми се роди ќерката
Џеф Бриџис вели дека се заразил со корона додека одел на хемотерпија: Ракот ми изгледаше како шега
Концерт под отворено небо: Бајага во Антички театар во Охрид
Телохранителот на Џоли, откри како глумицата го заведе Бред Пит

