Есмералда пренесена во болница поради компликации со короната: Молете се за мене

Есмералда пренесена во болница поради компликации со короната: Молете се за мене

пред 4 години

Глумицата Летиција Калдерон, која на публиката ѝ е најпозната по улогата на Есмералда, била итно пренесена во болница поради компликации со коронавирусот. Според мексиканските медиуми, нејзината здравствена состојба е сериозна, а заразени се и неколку членови на нејзиното семејство.

Брзо откако беше пренесена во болница, Летиција им испрати порака на фановите да се молат за нејзиното здавје, но вели и дека лекарите одлично се грижат за неа.

„Во болница сум, но опкружена сум со прекраксни медицински лица кои се грижат за мене. Сега треба време за оздравување. Ви благодарам на поддршката. Ова година не започна како што очекував, уште неколку членови на моето семејство се заразани. Молете се за мене и сетите се на сите нас во вашите молитви“, напиша Летиција на „Твитер“.

Таа вели дека ги почитувала мерките за заштита, но и покрај тоа успеала да се зарази.

Актерката, која и денес глуми во теленовелите, во 2013 година јавно признава дека се бори со зависнот од дрога, а одлучи да излечи откако нејзина пријателка ѝ умре на раце од предозираност.

Share
Scroll to Top