Жената која оживеа на нејзиниот погреб почина по недела дена

Жената која оживеа на нејзиниот погреб почина по недела дена

пред 1 година

76-годишната Бела Монтоја од Еквадор која ги изненади роднините кога почна да тропа во ковчегот за време на погребот претходно, почина по седум дена на интензивна нега.

Од министерство за здравство потврдија дека Бела починала од мозочен удар само една недела откако поминала на интензивна нега. Рекоа дека ќе остане под опсервација, но не открија детали.

Син ѝ Жилберто Барбера Монтоја рече дека го нема добиено извештајот од властите со медицинско објаснување што се случило и предупреди дека ќе бара одговорност.

Сестра ѝ веќе поднела жалба за инцидентот, со барање да се идентификува докторот кој ја прогласил за мртва. За потсетување, Бела на 9 јуни се разбуди и почна да тропа по ковчегот во кој била затворена повеќе од пет часа во капелата во Бабахојо, околу 200 километри југозападно од главниот град Кито.

Share
Scroll to Top