Машко бебе се родило кон средината на август во автобус на релација Париз-Варшава.
„Се роди момче. На 17 август примивме неочекуван патник кој реши да ја започне животната авантура во FlixBus“, напишаа од автобуската линија каде се роди бебето.
“Мајката патуваше со нас од Париз до Варшава, а породувањето започна непосредно пред да пристнеме на станицата во Познан. Ситуацијата беше динамична, но благодарение на брзата реакција и поддршката на возачот и патниците, сѐ помина без компликации”. додадоа тие.
По породувањето, мајката и синот биле префрлени со брза помош и безбедно пренесени во болница.
„Момчето ќе добива бесплатни возења на FlixBus и FlixTrain од нас до неговиот 18-ти роденден. Бидејќи ова е трето бебе родено, имајте предвид дека иако бесплатните возења се одлични, ова не е натпревар“, напишаа тие во објавата.