Жизел Бундхен откири детали за бракот со Том Брејди: Годините поминати со него ми беа преживување

Жизел Бундхен откири детали за бракот со Том Брејди: Годините поминати со него ми беа преживување

пред 3 месеци

Манекенката Жизел Бундхен неодамна отворено проговори за нејзиниот 13-годишен брак со Том Брејди, ѕвездата на американскиот фудбал.

Она што го откри го остави светот во шок, бидејќи сите мислеа дека тие двајца се идеален пар. Таа јасно и гласно изјавила дека за време на бракот не живеела, туку само преживувала.

„Мислам дека порано повеќе преживував, а сега живеам, што е поинаку“, изјавила Жизел Бундхен за ЦБС, додавајќи дека е среќна што влегува во нов период од нејзиниот живот.

Рекла и дека е среќна што сега може да прави повеќе работи што самата ги сака, но дека покрај се не би променила ништо од тоа што го прави.

„Не би менувал ништо, не би направила ништо поинаку, ниту една работа. Разводот не беше нешто на што се надевав и посакував, моите родители беа во брак 50 години и на некој начин го сакав тоа за себе. Но , мора да прифатиш дека некогаш со годините се зближуваш, а некогаш се разделуваш. Тој е татко на моите деца и секогаш му посакувам само најдобро, благодарна сум на убавите деца што ги имаме и верувам дека кога една врата се затвора, друга се отвора“, рекла Жизел за ТМЗ.

Share
Scroll to Top