Точноста на библискиот опис на историските настани отсекогаш бил предмет на голема расправа. Честопати научниците ја проучуваат Библијата, но резултатите до кои доаѓаат стануваат контроверзни, пишува британски „Индепендент“.
Така е и со резултатите што ги доби екипата на научници составени од генетичари и археолози, кои тврдат дека геноциот во Содома и Гомора, кој е опишан во Стариот завет, никогаш не се случил. Бог, според пишувањето на Библијата, им се јавил на Израелците, кои оделе кон брегот на Црното Море и им рекол дека во својот поход на Ханаан, земјата на медот и млекото, не треба да остават ништо живо што дише.
Според неодамнешната довршена генетска студија, објавена во American Journal of Human Genetics, жителите од градовите на Содома и Гомора не се уништени. Тие го преживеале походот на Израелците на Ханаан и имаат и свои потомци и денеска.
Извлечената ДНК има поклопување во жив народ
Научниците извлекле ДНК од остатокот на петмина луѓе од некогашните градови и ја репродуцирале комплетната низа на ДНК. Според добиените резултатите од жителите на Либан, се добило поклопување од 90 %.
Понатаму, резултатите на археолошките истражувања не потврдуваат никакво раширено уништување на ханаанските градови меѓу бронзената и железната доба. Градовите на брегот на Сидон и Тира покажуваат континуирано постоење на сите досегашни денови.
„Либанците во голем дел се потомци на жителите на Ханаан пред доаѓањето на Израелците, но имаат и мал удел и Евроазијците, кои стигнале за време на освојувањето на далечните популации, како Асирците, Персијците или Македонците“, вели Марк Хабер, еден од истражувачите.
Ако тоа е навистина така, жителите на озлогласените Содома и Гомора сепак преживеале, тврди „Индепендент“.