Забавен парк ја тужи Тејлор Свифт дека им го украла името

Забавен парк ја тужи Тејлор Свифт дека им го украла името

пред 3 месеци

Забавниот тематски парк „Евермор“ ја тужи Тејлор Свифт дека им го украла името и дека по нив го именувала нејзиниот последен албум. Тие од пејачката бараат отштета од два милиони долари.

Пејачката неодамна ја добила тужбата од забавниот парк. Оттаму тврдат дека нивните права биле повредени затоа што тоа е нивна заштитена марка, што довело до забуна дали паркот и албумот се поврзани и дека тоа влијаело на интернет пребарувањето на нивната веб-страница по објавувањето на албумот.

Адвокатскиот тим на пејачката одговори дека тужбата нема основа и дека албумот „Евермор“, објавен на крајот на минатата година, создаде дополнителни можности за маркетинг на овој тематски парк, кој, според нивните проценки, има финансиски проблеми, а на овој начин дури и заработува.

Share

AnimeHeaven sites like animeheaven: One Piece (Dub) Episode 693

AnimeFreak anime freak site: Kuro Gal ni Natta kara Shinyuu to shitemita. Episode 1

Scroll to Top