Заврши Патувачкото кино на 11.Македокс во Скопскиот регион

пред 7 месеци

Патувачкото кино на 11.Македокс годинава се одвиваше во Скопскиот регион. Патешествието на магаренцето натоварено со документарни и анимирани филмови се одржа од 8 до 12 октомври, притоа посетувајќи ги населените места Драчево, Радишани (ОУ „Ацо Шопов“), Волково (СРЦ „Бранители“), Горна Матка и Булачани (ОУ „Наум Охридски“).

Екипата на Македокс беше пријатно изненадена од интересот, љубопитноста и гостопримливоста на граѓаните, но и нивното учество во дополнителните активности на Патувачкото кино, што придонесе за успешна мисија исполнета со магија под ѕвезденото небо. Програмата за млади содржеше анимирани филмови, додека за повозрасната публика беа прикажани долгометражни документарни филмови од програмата на фестивалот „Македокс“.

На проекцијата во Горна Матка беше прикажан победничкиот филм „Еверест – потешкиот пат“ на Фестивалот на планински филм „Ехо“.

Паралелно со проекциите во Радишани се одржа сесија со новата генерација Докуникулци на „Македокс“, а беше изведена и еко-акција за чистење на игралиштето, каде се одржа проекцијата. Во Горна Матка се одржа креативна работилница за деца и работилница за јога. Во Булачани имаше работилница на која децата учеа како да жонглираат, а проекцијата се одржа во услови со дожд, но тоа не беше проблем посетителите да претрчаат до своите домови да си земат чадори за да можат да го догледаат филмот до крај.

Патувачкото кино на Македокс се одржа со почитување на протоколите за одржување културни настани на отворен простор и искрено ѝ благодариме на публиката што сите проекции поминаа во најдобар ред.

Патувачкото кино на МакеДокс 2020 е поддржано од Град Скопје.

Share

AnimeDao boku no hero academia season 4 animedao: SK8 the Infinity Episode 12

GoGoAnime gogoanime hunter x hunter: Watch My Hero Academia 2 Episode 4

Scroll to Top