За аџилак во Мека, потребен е доказ за вакцинација

За аџилак во Мека, потребен е доказ за вакцинација

пред 6 години

Министерството за здравство, на Саудиска Арабија соопшти дека муслиманите кои сакаат да извршат аџилак годинава ќе треба да докажат дека се вакцинирани против Ковид-19.

Владата во Ријад подвлече дека вакцинацијата против коронавирусот ќе се смета за главен услов за учество во аџилакот во Мека, кои сите муслимани кои можат, треба да го направат еднаш во животот.

Во соопштението не се прецизира дали оваа година ќе учествуваат само аџии од Саудиска Арабија.

Лани само мал број на аџии од таму добија дозвола да ја посетат Мека.

Годинава 5-дневниот аџилак очнува во јули.

Share
Scroll to Top