За обновата на Богородичната црква во Париз донирани 1000 дабови од познатата француска шума

За обновата на Богородичната црква во Париз донирани 1000 дабови од познатата француска шума

пред 3 години

Откако големиот пожар на 15 април 2019 година значително ја оштети Богородничката црква во Париз, шумарите од цела Франција се организираа да даруваат 1.000 дабови за нејзината  обнова.

Катедралата Нотр Дам којашто беше значително оштетена во пожарот на 15 април 2019 година.

Како што објави „Дојче веле“, планирано е 500 дабови да се дадат од државните шуми, а 500 од приватни имоти.

„Тие ќе минат векови во катедралата. Одлично е. Ние им даваме втор живот на нашите дрвја. На некој начин тоа е и почит кон сите оние шумари кои се грижат за нив“, изјави Клер Кинон, претставник на шумското стопанство.

Во извештајот се вели дека „најубавиот даб во Франција расте во шумата Берса во долината на реката Лоара“. Од таа шума ќе бидат избрани осум даба, кои ќе бидат избрани со помош на беспилотни летала и 3-Д симулација.

Спооред шумарите, дабот е поприлично скап – кубен метар чини и до 1.000 евра. Од тоа дрво, во пиланата ќе се исечат греди со димензии 40 х 36 сантиметри, долги 17 метри. Дрвото ќе се користи за обновување на сводот во Нотр Дам.

 

Катедралата Нотр Дам е средновековна скапоцена готска архитектура која се наоѓа во срцето на Париз, покрај реката Сена.

Богородичната црква во Париз, наречена Нотр-Дам, е средновековна католичка катедрала, и се наоѓа во срцето на Париз покрај реката Сена. Осветена е на Дева Марија, и се смета за една од најскапоцените дела од времето на француската готска архитектура.

Share
Scroll to Top