Зоки Фаци кој боледува од тумор замина на лекување во Турција со порака: Фала од срце Македонијо

Зоки Фаци кој боледува од тумор замина на лекување во Турција со порака: Фала од срце Македонијо

пред 4 месеци

Познатиот македонски водител Зоран Фаци Василевски, замина на лекување во Турција. За него се собираа пари преку химанитарни акции и со донации.

„Фала ти од срце Македонијо, посакајте ми среќа добри мои луѓе“, напиша тој на фејсбук, објавувајќи негова фотографија на скопскиот аеродром од каде ќе патува за Турција.

Познатиот македонски водител, Зоран Василевски, кого македонската јавност го знае како Зоки Фаци, се бори со голем тумор на мочниот меур, иако во изминатите три години поминал низ борбата за неговото здравје. Пред три години му бил дијагностициран агресивен вид на канцер кој бил во вид на израсток на ногата, по што му се направени две операции и бил подложен на хемотерапии.

Share
Scroll to Top