Ивана Трамп на бившата дадилка ѝ оставила апартман од 1,1 милион долари

Ивана Трамп на бившата дадилка ѝ оставила апартман од 1,1 милион долари

пред 2 години

Првата сопруга на Доналд Трамп, Ивана, која почина на 73 години напишала тестамент пред нејзината смрт. Најголемиот дел од имотот им го оставила на синовите и ќерката, а не ја заборавила и нејзината добра пријателка и поранешна дадилка Дороти Кари, на која ѝ оставила апартман од милион долари.

Ивана почина минатата година во несреќа во нејзиниот дом во Менхетен. Таа се здоби со тешки повреди на главата откако падна по скали. Медиумите сега објавија дел од нејзиниот тестамент, во кој нема ништо напишано за поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

За Дороти е познато дека и ги чувала и се грижела за нејзините деца. И станала вистинска пријателка и била со неа до последните денови. Ивана и ги доверила да ѝ ги чува и нејзините кучиња, а во знак на благодарност и оставила луксузен стан во Мајами Бич на Флорида.

„На мојата пријателка Сузана Дороти Кари ѝ го оставам во наследство моето куче, Тигар Трамп, како и сите други домашни миленици“, стои во документот.

Во случај Дороти да починела пред неа, кучето ќе го добиел нејзиниот син Ерик. Дороти за семејството Трамп работела со децении. Ивана ја спомнала и во нејзината книга Rising Tramp која ја напиша во 2017 година. Се потсетила на времето кога почнала да работи за нив, а кога децата пораснале, Дороти работела како нејзина асистентка.

Дороти потекнува од Ирска, а живее во Квинс. Веќе со години живее во САД, а „Ајриш Тајмс“ во 2016 година напиша како во повеќе наврати ги носела децата на Трамп во Ирска.

Станот во Мајами е проценет на 1,12 милиони долари. Има 90 квадратни метри, една спална соба и купатило. Зградата наводно е изградена во 2001 година, а Ивана го купила во 2009 година за двојно помала цена од 635.000 долари.

 

Share
Scroll to Top