Игор Џамбазов со идолот Ненад Стојановски: „Грев или Шприцер“ беше наша прва и последна претстава

Игор Џамбазов со идолот Ненад Стојановски: „Грев или Шприцер“ беше наша прва и последна претстава

пред 2 години

Актерот Игор Џамбазов се потсети на еден од најдобрите македонски актери Ненад Стојановски и објави нивна заедничка фотографија од култната претстава „Грев или Шприцер“.

За претставата која се играше во деведесеттите во Драмскиот театар, се бараше карта повеќе, а публиката дури седеше на дополнителни столици оти секогаш беше до последно место полно.

Фотографијата е од генералната проба, а ова била како вели Игор прва и последна претстава која ја играл со неговиот идол.

„’Грев или шприцер’, Драмски Театар, 1992, со мојот идол Ненад Стојановски. Првата и последната претстава во која бевме партнери. Кога ја добив улогата, мислев дека целиот свет е мој. Неколку години подоцна, кога Нешо си замина, сфатив дека тоа воопшто не било така. Како доказ остана само оваа фотка од генералната проба, но сосема доволно за да предизвика цунами од емоции секој пат кога ќе ја видам“, рече Игор.

За потсетување, претставата беше работена по  текст на авторот Сашко Насев, а во неа играа Игор Џамбазов, Ненад Стојановски, Силвија Стојановска, Ванчо Петрушевски, Драган Спасов Дац, Софија Куновска, Гоце Тодоровски, Јовица Михајловски и Магдалена Ризова.

Share
Scroll to Top