Играч од Калифорнија го освои најголемиот џек-пот на американската лотарија од 2,04 милијарди долари

Играч од Калифорнија го освои најголемиот џек-пот на американската лотарија од 2,04 милијарди долари

пред 3 години

Единствениот освојувач на рекордниот џек-пот на американската лотарија „Пауербол“ е играч од Калифорнија, кој добил 2,04 милијарди долари, со што беше ставен крај на 40 извлекувања без победник.

dobivaj vesti na viber

Сопственикот на тикетот, чиј идентитет не е објавен, има можност да земе 997,6 милиони долари во кеш или да му се исплаќа вкупната премија во следните 29 години. Тикетот бил купен во гратчето Алтадена, осум километри северно од Пасадена, а сопственикот на дуќанот е награден со милион долари.

Шансите за погодување на сите шест бројки биле еден во 292 милиони. Претходната рекордна добивка изнесувала 1,59 милијарди долари, што ја поделиле тројца играчи во 2016.

Share
Scroll to Top