Извозевме 3000 километри, настапивме во Будимпешта, Краков и Осиек, следна дестинација „Егзит“ во Нови Сад: Дина Јашари на летна турнеја во регионот

Извозевме 3000 километри, настапивме во Будимпешта, Краков и Осиек, следна дестинација „Егзит“ во Нови Сад: Дина Јашари на летна турнеја во регионот

пред 1 година

Македонската кантавторка Дина Јашари е на мини турнеја во регионот. Турнејата ја започна на 3 јуни како гостинка на концертот на хрватскиот бенд Елементал, а потоа имаше настапи во Унгарија и Полска.

„Со другарите извозевме скоро 3000 километри во 4 дена, настапивме на „A38 Hajó“ во Будимпешта, прекрасниот „Wianki“ во Краков и покрај Драва во Осиек“, напиша Дина и објави фотографии од овие неколку дестинации.

Следна дестинација на Дина Јашари и Другари е најголемиот регионален фестивал „Егзит“ во Нови Сад. Дина ќе настапи на 7-ми јули на Фјужн стејџ на Петроварадинската тврдина.

Нејзината турнеја по „Егизт“ ќе продолжи и следниот месец со закажани настапи повторно во Србија и Хрватска.

 

Share
Scroll to Top