На 21.3.2026, кога се одбележува Денот на екологијата и Денот на пролетта , во галеријата на НУ Центар за култура Крива Паланка, со почеток во 12:-30ч. со промоција на збирката хаи[бун]накуа „Разбудена вода“, ќе биде отворена „Будна вода“- изложба на слики од Дијана Петкова.
Циклусот „Будна вода“ опфаќа четириесет дела, но само дваесет слики работени во техниката акрилик на платно и комбинирана техника, но ќе бидат изложени само дваесет дела. Сликите се работени во периодот од 2022 – 2025 година.
Збирката, „Разбудена вода“ содржи дваесет хаи[бун]накуа и дваесет фотографии од слики од Дијана Петкова.
„Во најновата книга на Дијана Петкова, симболот на водата е многу моќен. Авторката пишува за свеста на водата, но и за свеста за водата; во својот вовед водата ја става на пиедестал велејќи дека водата е нејзината „водилка-придружничка“
„Разбудена вода“, меѓу другото, претставува и книжевно дело со еколошка свест и порака, а тоа го прави ова дело општествено одговорно. Имено, фактот што водата е препознаена како важен природен ресурс, а истовремено и како важен книжевен симбол, го мапира ова книжевно дело меѓу ретките книжевни, ненаучни дела посветени на екологијата и инспирирани од неа. Во делото се читаат јасни пораки за важноста на водата како природен ресурс, меѓу кои и поракта за „подигнување на свеста кај луѓето за значењето на водата и за развивање одговорен однос кон неа“, вели Елена Пренџова во рецензијата за збирката.
Изложбата ќе ја отвори и збирката ќе ја промовира Сшко Додевски – директор на Центарот за култура Крива Паланка.
Изложбата ќе биде отворена за посетителите до 28.3.2026.





