Илина и Ева Соколовски кои освојуваа медали за Германија, конечно ќе се натпреваруваат под македонско знаме

Илина и Ева Соколовски кои освојуваа медали за Германија, конечно ќе се натпреваруваат под македонско знаме

пред 1 година

Илина и Ева Соколовски ќе се натпреваруваат под македонско знаме на интернационални натпревари по ритмичка гимнастика. Илина и Ева со родителите живеат во Германија, и сите досегашни нивни успеси, златни, сребрени и бронзени медали што ги освојуваа, ги освојуваа за Германија иако и двете се со македонски пасош. Но, овој пат и за двете задоволството е поголемо, бидејќи, како што велат, ќе ги бранат боите на татковината.

Илина се квалификуваше за големото германско финале во ритмичка гимнастика, односно Германскиот куп, кој ќе се одржи  на 10 јуни, додека нејзината сестра Ева прв пат ќе ја претставува Македонија на интернационален натпревар, кој ќе се одржи на 15 овој септември во Будва.

Share
Scroll to Top