Милијардерот Илон Маск повторно предизвика страв во јавноста и на „Твитер“, откако напиша дека ни следи колапс на човековата популација. Уште пострашно е тоа што и некои од експертите се согласуваат со неговото тврдење.
Маск твитна дека колапсот ќе се случи поради ниската стапка на наталитет и дека тоа е многу поголем ризик за цивилизацијата отколку глобалното затоплување.
Климатските промени се сериозен проблем со кој планетата се соочува, а експертите велат дека е тешко да се споредат овие две прашања.
За демографите повеќе од јасно е дека популацијата расте и покрај падовите во некои делови од светот и дека не би требало да дојде до нејзино нарушување во скоро време, дури и ако наталитетот биде уште понизок.
„Подобро му е да прави автомобили и да се занимава со инжинерство отколку да зборува за прашања за бројот на жители“, рече Џозеф Чеми, консултантски демограф и поранешен директор на Одделението за население во Обединетите нации.
Чеми има напишано и неколку книги по прашањата поврзани за светската популација.
„Да, во некои земји бројот на луѓе опаѓа, но за светот тоа едноставно не е случај“, додаде, и објасни дека не се раќаат повеќе бебиња, туку луѓето подолго живеат.
Според податоците на Обединетите нации, се предвидува светската популација да достигне осум милијарди до средината на ноември оваа година. ОН предвидуваат дека глобалната популација би можела да порасне на околу 8,5 милијарди за само осум години.
Се очекува до 2080 година, светската популација да го достигне врвот од 10,4 милијарди. Тогаш постои шанса од 50%, бројот на луѓето да остане ист со децении или да почне да се намалува до 2100 година.
Конзервативните модели, како оној објавен во 2020 година, во научното списание The Lancet, предвидува дека глобалната популација ќе достигне број од 8,8 милијарди до 2100 година.
Она што го движи моменталниот раст на број на жители, не е поголемиот наталитет, туку тоа што помал број на млади луѓе умираат. Очекуваниот животниот век на глобално ниво е 72,8 години во 2019 година, што претставува зголемување за девет години во однос на 1990 година.
Се очекува тој животен век да се зголеми на 77,2 години до 2050 година.
Глобално гледано, стапката на фертилитет не е срушена, ниту би требало да биде, според наводите на ОН, но, е значајно опадната.
Во 1950 година, жените обично се породувале по пет пати, додека на глобално ниво минатата година се случувале 2,3 породувања од жена. До 2050 година, ОН предвидува дека глобален пад на 2,1 породување од жена.
Во некои земји, овој број е зголемен. Во САД, во педесетите години, се случувале 3,6 породувања од жена. Во 2020 година оваа бројка паднала на 1,6 породувања од жена, според податоците на Светска банка. Во Италија овој број бил 1,2, во Јапонија 1,3, а во Кина 1,2.
Во јануари 2022 година, Кина објави дека стапката на наталитет е опадната веќе петта година по ред, дури и со укинувањето на политиката за едно дето, односно откако на двојките им е дозволено да имаат до три деца од 2021 година.
„Практично секоја развиена земја е со помалку од две деца по жена и така е веќе 20 или 30 години“, рече Чеми и додаде дека повеќето земји минале низ она што се нарекува демографска транзиција.
Единствено во делови од Африка оваа транзиција не е завршена, рече Чеми и додаде дека постојат 15 до 20 земји во кои просечниот број на деца по пар изнесува пет. Но, во тие земји децата и понатаму се соочуваат со висока стапка на смртност.
Стапката на смртност кај новороденчињата за деца помлади од пет години е од осум до десет пати повисока од онаа во развиените региони, а смртноста на мајките е речиси двојно поголема, објасни Чеми.
Кога жените во овие африкански региони би имале поголем пристап до контрацепција, образование и здравствена заштита, овие проблеми би можеле да се решат и глобалната популцација да опадне, а на луѓето би им било подобро во поглед на здравјето на поединците.
Во поглед на растот на населението, 20 век е вистинска аномалија за научниците.
„Тој век беше најимпресивниот демографски век. Имаше повеќе златни медали отколку сите други векови“, рече Чеми.
Човечката популација е зголемена за речиси четири пати, што никогаш претходно се нема случено во историјата. До тоа најмногу е дојдено поради подобреното јавно здравје.
Светот има антибиотици, вакцини, програми за јавно здравје и подобрување на санитарните услови на кои треба да им се заблагодариме за тоа што луѓето живеат подолго и што повеќе мајки и деца го преживуваат раѓањето.
Со контрацепција, посебно во 1964 година, кога оралната капсула била широко воведена во САД, двојките можеле подобро да одредат кога и колку деца ќе имаат.
„Контрацепцијата во вид на орална капсула имала многу позначаен ефект на светот од автомобилите“, рече Чеми.
Откако поголемиот број жени почнаа да се образуваат и да работат надвор од дома, подоцна почнаа да раѓаат деца во многу земји во кои се имало пристап до контрацепција, двојките имале помалку деца и бројот на население почнал да опаѓа.
Во 2020 година, стапката на раст на глобалната популација паднала под еден процент за првпат од 1950 година.
Спречување на популациски проблем
Стареењето на населението и опаѓањето на стапката на наталитет во некои делови во светот би можеле да ги оптеретат социјалните системи.
Дел од населението постаро од 65 години ќе порасне од 10% во 2022 година, на 16% во 2050 година. Тоа е двојно повеќе од бројот на деца помлади од пет години.
Глобално гледано, трикот за таквата старосна нарамнотежа на население успе, е во та што владите мора да бидат проактивни, велат од ОН. Земјите со старо население треба да ги прилагодат јавните програми кои ќе ја поддржат оваа растечка популација на стари луѓе.
Тоа значи зајакнување на програмата како што е социјалното осигурување, пензиите и воспоставување на универзален пристап до здравствена заштита и долготрајна нега.
Во САД, Вилијам Фреј, демограф и висок соработник во „Брукингс метро“, рече дека не гледа потреба повеќе двојки да имаат бебиња за да се реши старосниот дисбаланс во САД.
Политиката која би ги поддржала двојките кои сакаат деца, на пример со пристапни политики на дневна нега и породилно отсуство, би можеле да бидат од помош, но, не би направиле голема разлика во поглед на плодноста.
Тоа значи дека двојките имаат помалку од две деца во Америка, но оваа стапка не е така ниска, како во поголемиот дел на Европа, истакна Фреј.
„Не мислам дека во САД тоа е прашање на колапс, затоа што сигурно ќе можеме да ја отвориме славината за повеќе имигранти кога ќе посакаме. Нема да имаме недостиг на луѓе кои сакаат да ја минат границата и да емигрираат тука во иднина. Имигрантите и нивните деца се помлади од населението во целина, па тоа ќе помогне да се спречи стареењето на населението“, заклучува Фреј.