Илон Маск тврди дека со ставањето на чипови во мозокот на луѓето ќе им го врати видот и ќе излечи голем број болести

Илон Маск тврди дека со ставањето на чипови во мозокот на луѓето ќе им го врати видот и ќе излечи голем број болести

пред 10 месеци

Илон Маск сака да ја докаже исправноста на вградувањето чип во мозокот на човекот и да им објасни на сите дека тоа не е опасно по нивното здравје. Неговото истражување се заснова на тврдењето дека парализираните луѓе ќе можат да одат со помош на компјутер или некој друг паметен уред.

Откако ќе им вгради чип, преку нивните мисли тие ќе можат да ги вршат секојдневните активности со помош на компјутер. Овие тврдења ги изнесе на прилично интригантен начин, објаснувајќи дека со помош на чипот на  ќе им го врати видот на луѓето.

Рече и дека ќе може да ги излечи Алцхајмерова и разни други болести, па многу луѓе останаа зачудени по презентацијата. Со оглед на тоа што Маск досега добиваше одобрение само за тестирање на чипови, прашање е дали тоа ќе стане возможно во периодот што ќе го доживеат нашите генерации.

Но во понатамошна иднина веројатно ќе се случи, предвидуваат некои од експертите. Некои од лекарите сè уште се скептични за овие тврдења, а многу експерти сметаат дека не е во ред да се даваат лажни ветувања на луѓето.

Експериментот ќе трае околу шест години, а учесниците ќе имаат девет посети дома во текот на првите 18 месеци, потоа 20 последователни посети распоредени во текот на пет години и ќе имаат двапати неделно истражувачки сесии за времетраењето на студијата.

Share
Scroll to Top