Имавме многу среќни моменти со Филип: Кралицата за првпат зборуваше за принцот по неговата смрт на отварањето на парламентот во Единбург

пред 3 години

Кралицата Елизабета Втора (95) за првпат во јавност зборуваше за нејзиниот покен сопруг. Таа отпатува во Шкотска на свеченото отворање на парламентот во Единбург, каде им се обрати на членовите на шкотскиот парламент. Со неа пристигнаа и принцот Чарлс и неговата сопруга Камила, пренесуваат странските медиуми.

Таа ги посети и Шкотланѓаните кои дадоа свој придонес во заедницата за време на пандемијата на ковид-19.

„Денес е ден кога можеме да ги славиме оние коишто дадоа исклучителен придонес во животите на другите луѓе во Шкотска, локално или национално, за време на пандемијата на ковид-19. Веќе зборував за својата длабока и вечна наклонетост кон оваа прекрасна земја и за многуте среќни спомени што принцот Филип и јас нѐ поврзуваа за неа. Често се вели дека луѓето се тие коишто сочинуваат некое место. И има малку места каде што тоа е поголема вистина отколку во Шкотска, како што имавме можност да видиме во последно време“, изјави кралицата.

Таа додава дека и покрај тешките околности со кои многумина се соочиле во последните 18 месеци, сепак постојат бројни примери на издржливост и добра волја.

За потсетување, нејзиниот покоен сопруг, принцот Филип, почина на 9 април годинава на 99-годишна возраст. Тој беше во брак со кралицата повеќе од седум децении, заснован на љубов.Непосредно пред нивната венчавка, принцот Филип ѝ напишал на Кралицата мајка велејќи ѝ дека „се вљубил целосно и без двоумење“.

Британската кралица досега не зборуваше јавно за тоа, но му оддаде почит неколкупати на официјалните веб-страници на Бакингемската палата.

 

 

Share
Scroll to Top