Имав девет спонтани абортуси пред да ги посвојам синовите: Шерон Стоун првпат прозборе за загубата на биолошките деца

Имав девет спонтани абортуси пред да ги посвојам синовите: Шерон Стоун првпат прозборе за загубата на биолошките деца

пред 2 години

Глумицата Шерон Стоун преку социјалните мрежи првпат откри дека имала девет спонтани абортуси. Таа вели дека решила да ги посвои кога сфатила дека нема да може самата да роди дете.

dobivaj vesti na viber

„Ние, како жени, немаме форум за да разговараме за длабочината на оваа загуба. Изгубив девет деца поради спонтан абортус. Тоа не е мала работа, ниту физички ниту емотивно. Сепак прават да се чувствуваме како тоа да е нешто што треба да го поднесеме сами и тајно со некакво чувство на неуспех. Наместо да го добиеме толку потребното сочувство, емпатија и исцелување што ни треба“, напиша глумицата.

Стоун (64) има три посвоени синови, Роан, Лирд и Квин, за кои често знае да каже дека се нејзиното најголемо богатство.

Признанието на глумицата дојде откако американската танчерка Пети Мургатројд објави дека го загубила бебето кога нејзиниот сопруг бил во Украина.

„Не знаев дека сум бремена. Крварев два дена. Мислев дека имам менструација“, рече тогаш Мургатројд во интервју за магазинот „Пипл“.

 

Share
Scroll to Top