Популарната „Фејсбук“ фото апликација беше падната околу еден час, насекаде низ светот, а од „Фејсбук“ соопштија дека техничките проблеми биле брзо решени.
Повеќе од 6000 корисници пријавиле DownDetector проблем, а со проблем се јавиле и корисниците на „Твитер“ под хаштагот #InstagramDown.
Од „Фејсбук“ за „Њузвик“ соопштиле дека проблемот кој бил пријавен од корисниците е веќе решен.
„Го решивме проблемот и се извинуваме за непријатностите“, навеле од технолошкиот гигант.