Во Словенија истополовите партнери може да посвојуваат деца. На 31 јануари стапија на сила измените на Законот за семејство, според кои бракот е животна заедница на две лица, а на истополовите парови им се овозможува да посвојат дете.
Според овие промени, бракот веќе не е животна заедница само на маж и жена, туку животна заедница на две лица.
Оваа одлука на Твитер ја поздрави и министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон.