Италија прв финалист на Европското првенство

Италија прв финалист на Европското првенство

пред 3 години

Италија е првиот финалист на Европското првенство во фудбал, откако ја победи Шпанија во полуфиналето по изведувањето на пеналите.

Натпреварот на „Вембли“ во Лондон заврши 1:1 по регуларните 90. минути игра. Федерико Киеза во 60. минута ѝ донесе водство на Италија, а Алваро Мората израмни за Шпанија 20 минути подоцна.  Во продолженијата од по 15 минути, резултатот остана непроменет.

По изведувањето на пеналите Италија победи со 4:2.

Ударите од белата точка почнаа со промашувања и на Италија и на Шпанија, па следуваа пет прецизни удари, по што италијанскиот голман Џиџи Донарума го одбрани пеналот на Мората. Жоржињо потоа погоди за Италија за пласман во финалето.

Вториот финалист ќе биде познат утре, на „Вембли“ играат Англија и Данска. Финалето се игра в недела

Share
Scroll to Top