Камила е четвртиот истакнат член на британската монархија што се повлече од очите на јавноста за одреден временски период.
Како што пишува „Тајмс“, таа од 11 март ќе направи мала пауза од кралските обврски и ќе отсуствува цела недела. Се претпоставува дека тоа време ќе го помине со семејството и сопругот.
Причина за ваквата одлука е фактот што во изминатиот период Камила имала повеќе обврски од вообичаено, откако на 5 февруари беше објавено дека на кралот Чарлс му бил дијагностициран рак, па должностите морало да се распределат поинаку.
Претходно кралот Чарлс, принцезата Кејт и принцот Вилијам заминаа на пауза од извршување на јавните обврски.
Принцезата Кејт Мидлтон направи операција на абдоменот на 16 јануари и оттогаш не е видена во јавноста, а кралското семејство одлучи да не дава многу информации за нејзиното здравје. Беше најавено само дека Кејт ќе се врати на своите обврски по Велигден, а многумина беа загрижени дека ништо не се знае за неа и дека закрепнувањето ќе трае толку долго. Се шпекулираше и дека состојбата на принцезата е критична и дека е во индуцирана кома откако операцијата тргнала наопаку, но овие наводи беа демантирани од палатата.
Недолго после неа, во болница заврши и кралот Чарлс, на операција на простата. Тогаш му беше дијагностициран рак, а должноста ја сведе на минимум додека примаше терапија.
Принцот Вилијам, исто така, ги сведе на минимум своите обврски по операцијата на неговата сопруга. Цело време е со неа, а на крајот на февруари се врати на своите обврски. Сепак, минатата недела тој откажа еден настан, што поттикна нови гласини за лошата здравствена состојба на неговата сопруга.
Текстот И Камила зема отсуство: таа е четвртиот висок член на кралското семејство што времено се повлекува од должностите е превземен од МАКФАКС.