Италијанската актерка Моника Белучи објави фотографии на Инстаграм, но фановите ја критукуваа заради нејзиниот изглед. Моника Белучи, која е позната по својата природна убавина, позираше со долг фустан во бордо боја и висок шлиц. Но овој пат сликите беа многу обработувани, што не е карактеристично за Белучи.
„Толку си многу си убава, немаш потреба да си го средуваш лицето со апликации“ – и пишуваат обожавателите. За разлика од многу нејзини колешки, Белучи не користи ботокси и филери. Таа вели дека не се плаши од стареењето оти тоа е природен процес.Баш заради ваквиот став, сега наиде на критики од јавноста.