Credissimo продолжува да докажува дека навистина е симбол за динамична високотехнолошка компанија. Поттикнати од желбата нивните клиенти да бидат максимално безбедни, тие иплементираа нови иновативни процедури коишто го прават процесот на аплицирање уште побезбеден и посигурен и на тој начин се надминуваат сите сомнежи за злоупотреба на лични податоци во компанијата.
,,Воведовме нова услуга Credissimo Snap којашто претставува иновација за автоматско пополнување на податоци со можност за прикачување на селфи со личната карта. Испраќањето на селфи претставува дополнителна мерка што ја воведовме за подобра идентификација на нашите клиенти. Гарантираме поголема безбедност и сигурност, како за клиентот така и за нас. Друга дополнителна мерка којашто ја применуваме е валидација на секој личен документ, а тоа ни гарантира дека истиот не е објавен за невалиден. Уште една важна мерка со која кај нас се гарантира безбедноста и сигурноста е и префрлањето на одобрениот износ само и единствено на личната трансакциска сметка на клиентот. Со тоа сме сигурни дека одобрените средства ги зема вистинскиот човек.” – изјавија од Credissimo.
Компанијата апелира до сите клиенти преку социјалните мрежи и на нивниот сајт, дека личните податоци треба да се чуваат внимателно и дека граѓаните имаат голема одговорност да ги чуваат и заштитуваат несподелувајќи ги несовесно.
(ПР текст)
Текстот Како да ги прескокнеш сомнежите со Credissimo? е превземен од МАКФАКС.