По неколку дена откако Лионел Меси ја освои Златната топка, беа објавени и гласовите на новинарите ширум светот. Меси доби најголем број гласови и го победи Роберт Левандовски.
Македонија и оваа година гласаше преку новинарот Марио Сотировски. Тој
Неколку дена по доделувањето на „Златната топка“, откриени се гласовите на новинарите ширум светот. Петте гласа тој одлучи да ги даде за Жоржињо, Кевин Де Брујне, Лионел Меси, Ерлинг Халанд и на крај Симон Кјаер.
Меси освои 613 бода и славеше пред напаѓачот на Баерн кој заврши со 580, додека третопласираниот Жоргињо од Челзи дојде до 460 бодови. За многумина е неправедно што Меси ја доби наградата пред Левандовски, но Аргентинецот имаше повеќе гласови во остатокот од светот, додека Европа гласала за Левандовски.
Имено, европските новинари му дале 198 бодови на Левандовски, 151 на Меси, сепак разликата е направена со гласовите од остатокот од светот. Меси таму доби 462 гласа, а Левандовски 382.