Тенисеро Калин Ивановски се пласираше во четврт-финалето на турнирот во Поитие, Франција, откако со 2:1 во сетови успеа да го победи домашниот тенисер Александре Реко.
Првиот сет Ивановски го загуби со 3:6 во гемови, но потоа дојде до посакуваниот резултат.
Вториот сет го доби со убедливи 6:1 во гемови, а во решавачкиот трет сет беше исто така подобар и го комплетираше со 6:4 во гемови.