Канадски пратеник се појави гол на онлајн-седница на парламентот

Канадски пратеник се појави гол на онлајн-седница на парламентот

пред 4 години

Вилијам Ејмс од Либералната партија на Канада, се појави гол на интернет-седница на Долниот дом на парламентот. Политичарот стои зад бирото, меѓу знамето на покраината Квебек и националното знаме на Канада и си го крие пенисот со мобилен телефон.

Ејмс го претставува Округот Понтијак во Квебек во Долниот дом од 2015 година.

„Тоа беше несреќна грешка. Мојата видеокамера случајно се вклучи додека се преслекував, откако се вратив од трчање. Искрено им се извинувам на моите колеги од Долниот дом за ова ненамерно одвлекување внимание. Очигледно е дека таква грешка не треба да се случи“, стои во изјавата на Ејмс.

Поради корона-пандемијата, дел од канадските пратеници присуствуваат на седниците преку видеоврска. Пратеничката Клод Дебелфој од опозициската партија Блок Квебек покрена процедурално прашање во врска со инцидентот и посочи дека парламентарните правила налагаат машките пратеници да носат палто, панталони, кошула и уредно наместена вратоврска.

 

Share
Scroll to Top