Капитенот на одбојкарската репрезентација Никола Ѓорѓиев стана татко

Капитенот на одбојкарската репрезентација Никола Ѓорѓиев стана татко

пред 3 години

Капитенот на македонската репрезентација во одбојка, Никола Ѓоршиев, вторпат стана татко. Неговата сопруга Дани ја роди ќерката која ќе се вика Викторија. Веста за раѓањето на бебето, Никола ја сподели на социјалните мрежи.

„Втора ќерка – Викторија. Фала ти Боже“, напиша одбојкарот на Фејсбук и доби честитки од пријателите.

Никола и Дани, кои се во брак од 2015 година, ја имаат ќерката Марија.

За потсетување, Никола, кој последните тригодини игра во Осака Блејзерс Сакаи во Јапонија, наскоро со репрезентацијата на Македонија ќе настапи на Европското првенство во одбојка.

Share
Scroll to Top