Кардиоваскуларните болести, вклучително и срцевите заболувања и мозочниот удар, се водечка причина за смрт во светот. Според СЗО, околу 17,9 милиони луѓе годишно умираат поради кардиоваскуларни болести, што претставува 32 отсто од сите глобални смртни случаи.
Ако сме загрижени за здравјето на срцето, веројатно веќе сме слушнале дека лекарите препорачуваат управување со стресот, ограничување или избегнување алкохол и следење на крвниот притисок. Сепак, постои уште еден предлог од докторот, а тој е поврзан со рутината за вежбање. Иако вежбањето често е добро за срцето, одредени видови вежби може да бидат ризични за луѓето со срцеви проблеми.
Вежбите со висок интензитет – како кревање тешки тежини – не се за луѓе со проблеми со срцето, вели кардиологот Бредли Сервер.
„Оваа многу интензивна активност може да предизвика крвниот притисок да скокне четири пати над нормалната граница и е сериозен стрес за срцето“, изјави тој. Сепак, лесно и умерено кревање тежина е во ред.
Вежбите со висок интензитет вклучуваат тренинг за сила и кардио. Попознатото име е HIIT, кратенка за интервален тренинг со висок интензитет. Кардиологот Санџај Маниар исто така се согласува дека пациентите со срцеви проблеми треба да бидат внимателни со овој вид вежбање, поради слични причини.
„Вежбите кои го оптоваруваат телото треба да се избегнуваат, бидејќи брзиот наплив на интензивна активност може премногу да го оптоварува срцето“, предупреди тој.
Тој додава дека напрегањето за време на таквиот тренинг може да доведе до абнормален срцев ритам, исхемија, срцев удар или ненадеен пулмонален едем за оние кои го имаат.
Понатаму, прескокнувањето на овој тип на вежбање може да биде особено важно за луѓето со одредени типови на срцеви проблеми. „Некои состојби, како што се аортните аневризми (зголемување на аортата), може да се влошат со кревање тежина“, вели кардиологот Еван Џејкобс.
Други вежби на кои предупредија кардиолозите вклучуваат изометриски вежби, како што се седење на ѕид. „Овие движења бараат прекумерно задржување на здивот и може да го подигнат крвниот притисок до опасни нивоа“, заклучил Маниар.