Јелена Карлеуша ги избриша сите фотографии од „Инстаграм“. Пејачката остави само две, но не објасни зошто го направила тоа. Многу од фановите и побараа објаснување, но досега не се огласи.
Карлеуша на „Инстаграм“ има повеќе од 2,4 милиони фанови и досега беше активна на социјалната мрежа. Фотографиите ги избриша само еден ден откако го згасне и „Јутјуб“ каналот, затоа што познатиот текстописец Александар Фута Радуловиќ ја тужеше за кршење на авторски права.
Карлеуша рече дека каналот повторно ќе го врати, но еден ден подоцна ги избриша сите фотографии од „Инстаграм“. За потсетување пејачката вакво нешто најавуваше уште пред три месеци.
„Планирам да влезам во медиумскиот андерграунд додека не излезе албумот што ќе го издадам во август“, рече Карлеуша за медиумите.





