Српската пејачка Јелена Карлеуша на социјалните мрежи напиша дека една од нејзините колешки е „нехаризматично досадно девојче“ кое има „одлични хулахопки и идиотска фризура“.
Српската пејачка Јелена Карлеуша (45) го сподели своето мислење за домашните и странските колешки, а сега ја нападна и американската пејачка Тејлор Свифт (33).
„Само јас ли мислам дека Тејлор Свифт е нехаризматична досадна со незаборавни песни, светкави хулахопки и идиотска фризура“, вели контроверзната Карлеуша.
„Жена без оригинален печат, која никако не ги поместува границите, нема идеологија, оригинален стил, визија. Глобалната хистерија, распродадените концерти и милијардите прегледи на тие кучки ми се енигма. Што се случува со публиката која паѓа на изведувачи без харизма и мега хитови? Можеби тоа е некоја нова мода. Не знам… а ни овде не е поинаку“, порачала пејачката.
Медиумите во регионот потсетуваат дека, Тејлор моментално соборува рекорди со светската турнеја „The Eras“, која ја направи милијардерка додека Карлеуша го чека новогодишниот настап во еден црногорски ноќен клуб.